24фудбал

У19: Македонија го прегази Лихтенштајн, избраниците на Станојковиќ броеа до шест!

Првата фаза од квалификациите нашите надежи ја завршија со максимален број победи.

Македонија

Македонскиот фудбал има иднина, ако ја земеме во предвид селекцијата до 19 години, која предводена од клупата од Вујадин Станојковиќ бележи фантастични резултати.

По победите над Швајцарија и пред сеБелгија, нашите надежи славеа убедлив триумф од 6-0 над аутсајдерот Лихтенштајн во последното, трето коло од квалификациската група „5“ која ја завршуваме со максимални три победи.

Митровски постигна хет-трик, по еден гол реализираа Чурлинов, Колевски и Миовски.

По ова, следат елитните квалификации за пласман на Европското првенство во Финска кое се одржува идната година, а резултатите во оваа фаза од квалификациите ветуваат многу од оваа генерација.

Квалификациите во нашата група се одржаа во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а ждребката за елитните квалификации ќе се одржи во Нион на 6 декември.

 

Фото-вест: ffm.mk (архива)