24фудбал

Милевски: Гибралтар беше опомена за некои репрезентативци, од март ќе имаме нов лик на оваа селекција!

Селекторот на младинската фудбалска репрезентација на Македонија по новиот разочарувачки резултат во квалификациите за ЕП Италија 2019.

Македонија

Триумфот на гости кај Ерменија со 0-3 навидум навестуваше нови добри денови за младиот состав на Македонија за фудбалери до 21 година, но, реалната слика се отслика на три меча во низа потоа.

Следеше пораз од Србија со 0-2 на домашен терен, противникот добро познат, цврст, стабилен, со многу поголемо искуство од нашето, но потоа следеше шокирачки пораз кај аутсајдерот Гибралтар, минимален со 1-0 што го вклучи алармот, кој се чини „прегоре“ во денешниот дебакл од Австрија на домашен терен со 0-4 во една очајна игра која не ветува многу.

Селекторот Благоја Милевски по денешното ново разочарување не крие дека оваа селекција ќе трпи промени, а Гибралтар бил само опомена за одредени репрезентативци.

Што и да кажам е безпотребно по еден ваков пораз, Австрија се покажа како поквалитетна и подобра, сите четири гола кои ги примивме беа на наша грешка. Тоа е... Имавме и ние свои шанси а не ги искористивме. Гибралтар беше опомена за некои репрезентативци и од март ќе имаме нов лик на оваа селекција“ истакна Милевски кој најави дека уште од сега следат подготовките за новиот циклус.

Милевски истовремено додаде дека дел од овие репрезентативци не успеале да се носат со притисокот кој го донесе успехот на претходната генерација во оваа селекција, а напомена дека ќе има и прекомандување од У19 во У21, „Златната Генерација“ како што многумина ја нарекуваат, а која и зеде мерка на една Швајцарија, и пред сеБелгија во квалификациите.