24фудбал

„Флиртот“ на Реал Мадрид со Нејмар продолжи преку Касемиро: Тој е ѕвезда, добредојден е во клубот

И натаму траат шпекулациите за наводниот интерес на Реал Мадрид за Нејмар, но неговиот сонародник Касемиро пак вели дека тој бил среќен во ПСЖ.

Шпанија

Англија и Бразил ремизираа без голови во контролката која синоќа се одигра на Вембли во Лондон, а дел од медиумите го запрашаа фудбалерот на Реал Мадрид, Касемиро за тоа што мисли за шпекулациите кои го поврзуваат неговиот сонародник Нејмар за европскиот и шпански првак.

Нејмар и Кутињо: Нашиот клуб одсоништата е Реал Мадрид! (ФОТО)

Тој е ѕвезда, знае што прави, станува збор за одличен фудбалер и секогаш ќе биде добредојден во Реал Мадрид, се надевам еден ден тоа ќе се оствари, но тој во моментов е среќен во својот клуб“ изјави Касемиро велејќи дека Нејмар е среќен во ПСЖ каде изминатото лето премина од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

Пред само неколку денови Серхио Рамос во изјава за јавноста рече дека Нејмар направи трансфер во ПСЖ бидејќи само така подоцна би можел да дојде во Реал Мадрид.