24фудбал

Постојат неколку причини зошто Роналдо сака да го напушти Реал Мадрид

Се погласни се шпекулациите дека Португалецот сака да го напушти тимот од Мадрид.

Шпанија

Шпекулациите дека Кристиано Роналдо наводно ја одбил понудата од Реал Мадрид за нов договор и побарал од претседателот на клубот Флорентино Перез да биде продаден идното лето, добиваат нови димензии.

Денес „АС“ наведе неколку причини за незадоволството на Португалецот во таборот на европскиот и шпански првак.

1.    Се чини дека Роналдо го погодил интересот на Реал Мадрид за ангажман на Килијан Мбапе, Португалецот тоа го почувствувал како непочитување кон него. На крајот, ПСЖ го доби Мбапе на позајмица, а како награда за останувањето во клубот, Роналдо побара да му се збогати договорот.

2.    Гласините за трансфер на Нејмар во Реал Мадрид се чини дека исто така Роналдо не ги прифатил со раширени раце. Доколку дојде до некое звучно засилување во тимот од Мадрид тоа значи дека тој повеќе не е најдобар.

3.    Финансиските детали од неговиот договор со клубот се исто така дискутабилни. Познато е дека неговиот договор е значително послаб од оние на Меси и Нејмар, кои заработуваат неспоредливо повеќе од Португалецот. Наводно, тој добил ветување од клубот доколку остане во него, ќе добие нов, побогат договор, засега тоа не се случи.

4.    Проблемите околу наводното даночно затајување се секако една од причините, Роналдо повеќе заработуваше во Англија, каде настапуваше во Манчестер јунајтед, и тоа поради поинаквиот третман во законските регулативи во таа земја.