24фудбал

Кедира: Ме погоди кога го видов Џиџи во солзи, му испратив порака и му дадов ветување...

Соиграчот на Џанлуиџи Буфон од италијанскиот првак тешко ги поднел солзите на неговиот колега од тимот.

Италија

Солзите на легендарниот голман на Италија го обиколија светот, не само Италија, тврди Сами Кедира.

Елиминацијата на Италија навистина ме трогна, особено поради тоа што го видов Буфон во солзи, таа слика ја обиколи целиот свет, не само во Италија...“ вели Кедира.

Џиџи е еден голем спортсмен, жива легенда, тажно им е на многумина, не само на мене, тој се надеваше дека ќе го игра последниот турнир, го заслужи тоа, тажен сум истовремено и за останатите соиграчи од Јувентус“ додава тој.

По тоа што и се случи на Италија во баражот, по елиминацијата од Шведска на патот до Мундијалот во Русија идната година, Кедира веднаш му испратил порака како поддршка на Буфон, а притоа му дал и ветување дека тој и неговите соиграчи од Јувентус ќе го дадат максимумот од себе да се пензионира со титула, особено во Лигата на шампионите.

Му испратив порака на Џиџи по тоа што се случи: нему не му се потребни зборови, нему му треба титула (како на пример во Лигата на шампионите), сакаме да му помогнеме да ја освои, тоа мора да биде голема мотивација за него“ заврши Кедира.