24фудбал

Двајца од Шкендија и поранешен Вардарец во конкуренција за најдобар фудбалер во домашниот шампионат за сезоната 2016/17

Куќата на фудбалот ги определи кандидатите за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/17.

Македонија

Во изборот за најдобар фудбалер во домашниот шампионат се двајца фудбалери од вицепрвакот Шкендија, односно еден од актуелниот бранител на титулата Вардар, Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани, односно Стефан Спировски кој направи трансфер во унгарски Ференцварош.

Илза Максути (АС Јунајтед), Јана Чубриновска (СЦ Истатов) и Александра Ристовска (Тиверија) влегоа во конкуренција за најдобра фудбалерка во нашето првенство.

Беким Османи од Шкендија-кадети, односно Горан Станковски од Работнички-кадети кој моментално ја обавува функцијата шеф на стручниот штаб на сениорскиот состав на овој тим, се во изборот за Најдобар тренер во младинска категорија, а во младинскиот фудбал номинирани се Елиф Елмас кој направи трансфер во турски Фенербахче (Работнички), Јани Атанасов (Академија Пандев), односно Енес Фазлагиќ (Шкендија).

Во конкуренција за наградата Најдобар футсал играч се Еркан Сефери (КМФ Шкупи), и Александар Глигоров и Драган Петровиќ, и двајцата од КМФ Велес.

 

Својот глас во изборот на Куќата на фудбалот на Македонија можете да го дадете – ТУКА.

 

Извор: ffm.mk

Фото-вест: KF Shkendija (Facebook, архива)