24фудбал

Баерн Минхен во Арсенал ја најде замената за Левандовски

Германскиот шампион очајно е во потрага по замена за полскиот напаѓач веќе подолг период.

Германија

Баерн Минхен пред извесен период стави јасно дознаење дека не постојат никакви шанси Алексис Санчез да направи трансфер во тој клуб, бидејќи Чилеанецот не е класичен напаѓач, токму тоа го бараат Баварците веќе подолг период.

Французинот Оливие Жиру се споменува како идеална опција за тимот од Минхен, а тој е на излезна врата од Арсенал по доаѓањето на Александре Лаказет.

Жиру беше на чекор до трансфер во Евертон изминатиот преоден рок, но наводно во последен момент се повлекол од преговорите.

Инаку, Левандовски на 11 настапи во Бундеслигата има постигнато исто толку и погодоци, но во само еден месец заработи две повреди од кои отсуствуваше девет дена.