24фудбал

Војната на зборови помеѓу Рамос и Роналдо предизвикува тензии во Реал Мадрид

Се продаблочува кризата во таборот на Реал Мадрид во која главни актери се Кристиано Роналдо и Серхио Рамос.

Шпанија

Реал Мадрид е во криза, заостанува осум бода зад Барселона во битката за одбрана на титулата во Примера, а го загуби првото место во групата од Лигата на шампионите по поразот кај Тотенхем.

Ова доведе до паника во редовите на Кралевите, а следеше и изјава на првата ѕвезда на тимот Кристиано Роналдо кој истакна дека недостасувале Пепе, Родригез и Мората кои си заминаа од клубот изминатото лето, а со тоа впери прст кон политиките на клубот.

По таа негова изјава веднаш возврати капитенот на тимот Серхио Рамос, кој му одговори дека не се жалел толку многу по титулата во Суперкупот на Европа, во Шпанија, ниту пак во Лигата на шампионите.

Дел од медиумите на големо пишуваат дека оваа војна на зборови помеѓу двајцата фудбалери предизвикала тензии во тимот, а Рамос запрашан за иднината на Роналдо даде кус коментар.

Кристиано си заминува? Прашајте го, не знам детали за овие работи...“ истакна Рамос.