24фудбал

Роналдињо: Ако Меси реши да си замине од Барселона, би го поддржал, но...

Бразилецот не крие дека би упатил поддршка до Аргентинецот во таква ситуација, но притоа ја откри и неговата желба на таа тема.

Шпанија

Тешко дека некој навивач на Барселона туку така би прифатил првата ѕвезда на тимот моментално Лионел Меси да си замине од клубот, но, се чини дека топката ја спушта поранешниот фудбалер на каталонскиот гигант, Роналдињо кој ужива голема популарност кај фановите на овој клуб.

Бразилецот го напушти „Камп Ноу“ пред девет години, и покрај фактот што има улога на амбасадор на Барселона, тој вели дека би го поддржал Меси доколку сака да си замине, но неговата желба на оваа тема е сосема поинаква.

Доколку неговото срце вели дека треба да си замине во друг клуб, и покрај тоа што сум амбасадор на Барселона, би го поддржал, но би сакал да остане во Барселона“ вели Роналдињо.