24фудбал

Италија предвреме ја отпишала Шведска, резервирала хотел во Русија, а по елиминацијата го откажала

Постои можност истиот хотел кој го резервирала Италија сега да го резервира Шведска.

Останато

Репрезентацијата на Италија не успеа да обезбеди место на Светското првенство во Русија идната година откако неславно ја заврши бараж фазата од квалификациите каде Шведска им нанесе тешка елиминација која долго ќе ја паметат, не поради резултатот од обете средби, туку по нивното континуирано учество на големите натпреварувања.

Според информациите кои пристигнуваат, се вели дека Фудбалската Федерација на Италија отишла до таму што дури и резервирала хотел во Русија за својата репрезентација.

По елиминацијата од Шведска во баражот веднаш ја откажале резервацијата, а Швеѓаните сега се во потрага по тоа што останало во Русија како нерезервирано, не се отфрла опцијата истиот хотел токму тие да го резервираат.

Мораме да видиме што ни преостанало од сместувањето, бидејќи поголемите земји веќе ги резервираа најдобрите бази“ изјави шефот на данската делегација во Русија, Клаус-Бретон Мејер.