24фудбал

Роналдо и дома не може да крене глава од критики: Мајка ми ме прашува што ти е?

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо открива дека добива критики и дома, неговото семејство почнува да поставува прашања кога тој нема да постигне гол

Шпанија

ЦР7 игра во лоша голгетерска форма на почетокот од сезоната, до овој момент има само еден погодок во првенството на Шпанија а Реал Мадрид заостанува осум бода зад лидерот Барселона.

Па овој пост критичарите го искористија за одново да удрат по Португалецот. Во разговор со Лекип, Кристијано Роналдо сега открива дека не е поштеден ниту дома, и неговите најблиски често знаат да му приговорат.

„Видете, не ги критикувам луѓето кои ме критикуваат кога не постигнувам голови, но се случуваат чудни работи во мојот дом – вели ЦР7.

„Кога нема да дадам гол, мојата мајка ме прашува зошто, син ми ме прашува зошто, брат ми, сестра ми... сите ме прашуваат „Што ти е? Кој е проблемот?“

Во интервјуто, кое во целост ќе биде објавено во утрешниот број на Лекип, Кристијано Роналдо исто така вели дека не се плаши од ПСЖ бидејќи Реал Мадрид е актуелен европски шампион и првиот тим кој го одбранил трофејот.

Исто така најави дека се додека игра фудбал ќе се обидува да ја освои престижната индивидуална награда „Златна Топка“.