24фудбал

Мурињо во Манчестер јунајтед носи уште еден несреќен фудбалер на Челси?

По Немања Матиќ, Жозе Мурињо сака да донесе уште еден фудбалер на Челси на Олд Трафорд уште во јануарскиот преоден рок.

Англија

Жозе Мурињо го сака Давид Луиз во Манчестер јунајтед, бразилскиот дефанзивец не е среќен на Стемфорд Бриџ откако влезе во кавга со Антонио Конте.

На последните натпревари Давид Луиз беше не трибините, па многу веројатно дека неговата кариера во Челси е пред самиот крај.

Медиумите од Англија пишуваат дека можна дестинација на Давид Луиз е Манчестер јунајтед. Жозе Мурињо сака да ја засили дефанзивата со Бразилецот.

Челси изминатото лето му го продаде Матиќ на Јунајтед, потег кој од многумина беше оценет како исклучително лош. Поради тоа Сините преферираат Давид Луиз да го продадат во странство, а не повторно да го засилат конкурентот.