24фудбал

„Балканот има повеќе спортски снајпери, Македонија го има најдобриот“

Локален медиум во Лас Палмас предупредува од каде доаѓа најголемата опасност во недела.

Македонија

UDLASPALMAS пишува дека Лас Палмас најмногу треба да стравува од Македонецот Енис Барди, а притоа додава дека Балканот важи за место полно со спортски снајпери, а Македонија го има најдобриот, Енис Барди.


Балканот е место со повеќе спортски снајпери, во регионот на поранешна Југославија повеќе добри шутери се истакнаа во историјата на Европската кошарка, а тоа се чини дека се должи на работната методологија. Спротивно на ова, 22 годишниот фудбалер е роден токму во тој регион на „бомбардери“. Енис Барди не се решил да се посвети на кошарката, Македонецот ова лето дојде во Леванте од унгарски Ујпешт за 1,5 милиони евра, и од тогаш се прослави во неговата најголема специјалност во играта, изведувањето на слободните удари. Не е само силината во ударите негова специјалност, туку и прецизноста со која ја упатува топката во небранетиот дел од страна на голманите“ пишува горенаведениот медиум.


Истиот медиум Барди го споредува со Милинко Пантиќ и Дејвид Бекам, а токму Македонецот е наведен како најголема опасност за неделниот противник, наведувајќи дека дефанзивците на Лас Палмас мораат посебно внимание да обрнат на него, посебно за тоа каде прават прекршоци во делот од теренот.

Викендов се игра 12. рунда натпревари од шпанската Примера, Леванте во недела гостува токму кај Лас Палмас. Нашиот репрезентативец во десет настапи, постигна четири гола во најсилниот шампионат на Шпанија.

 

Извор: udlaspalmas.net