24фудбал

Станковиќ: Тоа што го нуди ФФМ на децата со Академијата е феноменална работа (ВИДЕО)

Дејан Станковиќ гостин и предавач во Академијата на ФФМ.

Македонија

Прославениот српски фудбалер Дејан Станковиќ и Оливие Доља од одделот за развој на фудбалот во УЕФА беа гости на Куќата на фудбалот во нашата земја, воедно и предавачи на фудбалската Академија во рамките на ФФМ.

Ова што го нуди Македонската фудбалска федерација на децава е феноменална работа, се надевам дека и клубовите ќе почнат да прават свои академии,  тоа ќе биде на уште поголемо ниво, уште подобро за децата, за добри услови за тренинг и добар развој во фудбалот“ истакна Станковиќ кој исто така е дел од одделот за развој на фудбалот во УЕФА.


Создавањето на фудбалската академија се разбира звучи убаво, но мора да се има во предвид сите подготовки се дело на макотрпна работа, особено заради тоа што станува збор за млади категории. Тука не треба да се земе во предвид само фудбалскиот аспект, туку и образованието на играчите. Затоа, кога се зборува за фудбалска академија во правата смисла на зборот зборуваме за вредности, образование и исто така за спортската страна, се разбира. Важно е да се искомбинираат сите тие фактори “ вели Оливие Доља.

Оливие веќе три години работи на овој проект, резултатите се видливи, се гледаат резултатите“ се надоврза Станковиќ.

 

Извор/Фото-вест: ffm.mk