24фудбал

Вардаровите навивачи не попуштија, вечното дерби во ноќен термин

Вардар – Пелистер дефинитивно под рефлектори, се најавува спектакл од трибините за големото дерби.

Македонија

Во недела е предвидено да се одигра 16 коло од Првата македонска фудбалска лига, на програмата се пет натпревари, меѓу кои и дуелот помеѓу Вардар и Пелистер, вечното дерби за кое дискутабилен беше терминот на одигрување.

Според информациите до кои доаѓа „СПОРТ1“, се вели дека вардаровите навивачи, популарните „Комити“ кои на дуелот ќе прослават јубилеј – три децении од формирањето на групата, не попуштиле на состанокот со Министерството за внатрешни работи за терминот да не биде ноќен.


Сопственикот на хотелот веднаш зад фудбалската арена наводно инсистирал мечот да се одигра во стандардниот термин од 13 часот како и сите останати натпревари кои се предвидени за недела.

Како и да е, на крајот било прифатено Вардар да го одигра вечното дерби во терминот што го избрал, а тоа е 18 часот.

Комити со вечерашното дефиле придружени од „ноќните волци“ низ улиците во Скопје ќе направат најава на големиот дерби меч.

 

Извор: sport1.mk