24фудбал

Легендата на Манчестер јунајтед раскажува за денот кога бил посрамотен од Лео Меси (ВИДЕО)

Поранешниот дефанзивец на „Црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд вели дека Лео Меси е магионичар и најдобриот фудбалер против кого играл, дефанзивецот објасни колку е тешко да се сопре Аргентинецот

Англија

Рио Фердинанд нема убави спомени од дуелите со Лео Меси, Манчестер јунајтед загуби две финалиња во Лигата на шампионите од Барселона.

Легендата на „Црвените ѓаволи“ беше гостин на БТ Спорт, и кога му беше покажана една слика од него и Лео Меси, тој си ја отвори душата.

„Поголемиот дел од средбата го правев токму ова, го бркав Меси – рече Рио Фердинанд и изнуди насмевки од публиката.

„Ова веројатно е мојата најсрамна вечер во животот, секако и онаа од Вембли. Оваа слика е од Рим (финалето од Лигата на шампионите во 2009).

„Работата е во тоа што многу е тешко да му се доближите. Со Видиќ стоевме на средината од теренот на Вембли и се погледнавме (во неверица).

„Кога сте дефанзивец, саката да бидете блиску до противниците, или да ја освоите топката. Ние ниту ја имавме топката, ниту пак бевме блиску до Меси.

„Проблем е тоа што кога ќе му се доближите, Меси е толку мал и брз што ни поминуваше под раце.

„Обично кога ќе се обидете да заградите некого, со раката ќе го удрите во гради. Но ова момче е магионичар, најдобриот играч против кого сум играл.

„Во соблекувалната сите се сложевме дека без Меси во тимот, ќе ја победевме Барселона.