24фудбал

Роналдо и Нејмaр еден покрај друг во ПСЖ - добра сторија но колку е изводлива?

Медиумите од Шпанија пишуваат за можноста ПСЖ да го ангажира Кристијано Роналдо и следната сезона да создаде супер офанзива составена од ЦР7, Нејмар и Килијан Мбапе

Франција

Името на Кристијано Роналдо со години се поврзува со ПСЖ, но една ваква зделка никогаш не била блиску до реализирање.

Богатите сопственици на „Светците“ сакаа да ја покажат својата моќ со ангажман на супер ѕвезда и тоа конечно им успеа ова лето кого го донесоа Нејмар од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

Како Бразилецот да не им беше доволен, па го купија и супер талентираниот Килијан Мбапе.

Медиумите од Шпанија сега најавуваат уште еден спектакуларен трансфер, наводно ПСЖ во тимот ќе го придодаде и Кристијано Роналдо.

„Светците“ се подготвени да ги жртвуваат Единсон Кавани, Анхел Ди Мариај и Јулијан Дракслер за да отворат простор за пристигнување на ЦР7.

Сторијата е добра, но прашање е колку е изводлива една ваква зделка.

Имено, ПСЖ веќе ги налути гигантите кои се пожалија до УЕФА, па европската куќа на фудбалот внимателно ги анализира финансиите на клубот од Париз.

Се верува дека „Светците“ ќе треба да приберат околу 80 милиони евра до јануари за да избегнат казна.

Исто така, следното лето веќе ќе им биде потрошен поголем дел од буџетот бидејќи тогаш ќе треба да платат 180 милиони евра за трансферот на Килијан Мбапе. 

А на крај е прашањето и за која сума ќе го купат Кристијано Роналдо. Португалецот има договор до 2021 и откупна клаузула од 1.000 милиони евра, па Флорентино Перез е во многу комфорна ситуација.

Но не се само финансиите проблем, Роналдо и Нејмар играат на иста позиција, па еден од нив ќе треба да добие нова улога. ЦР7 постојано говори дека не се гледа како напаѓач, а ниту пак Нејмар не може да го предводи форот. Па склопувањето на тимот ќе биде кошмар за тренерот на ПСЖ.