24фудбал

„Венгер аут“ на протестите во Зимбабве (ФОТО)

Францускиот стратег доби пораки и од фановите во Зимбабве за време на денешните политички протести.

Англија

Во Зимбабве денеска се одржаа протести на кои учесниците изразија поддршка за преземањето на власта од страна на војската претходно оваа недела.

Учесниците повикаа на повлекување на претседателот Роберт Мугабе, некои носеа знамиња на Зимбабве, некои пак пораки на фудбалски план.


Ни помалку, ни повеќе, туку се појави натпис „Венгер Аут“, оној популарниот кој често го истакнуваат фановите на англискиот Премиерлигаш Арсенал, поради незадоволството од работата на францускиот стратег Арсен Венгер.