24фудбал

Несторовски со новиот договор доби речиси двојно поголема плата, а го чека и посебна награда

Медиумите од Италија пренесуваат дека Илија Нестороски добил речиси двојно поголема плата со новиот договор, Македонецот во иднина ќе заработува преку 500.000 евра по сезона плус бонуси

Македонија

Популарниот „Нестогол“ неодамна ја продолжи верноста кон Палермо и се обврза кон клубот од Сицилија до 2021.

Според пишувањата на Кориере дело Спорт, газда Ѕампарини добро го наградил Илија Несторовски за лојалноста.

Весникот пишува дека Македонецот добил речиси двојно поголема плата, и од сегашните под 300.000, во иднина ќе заработува преку 500.000 евра.

На оваа сума ќе се придодат и бонуси за постигнати голови, а Илија Несторовски го чека и посебна награда доколку го врати Палермо во Серија А.