24фудбал

Барса со +11 ќе го гледа дербито на Мадрид на Ванда Метрополитано (ВИДЕО)

„Каталонците“ можеби не импресионираа но стигна до триумф од 0-3 на гостувањето кај Леганес па со 11 бода повеќе од Атлетико и Реал, вечер ќе го гледаат дербито на Мадрид

Шпанија

Луис Суарез шест натпреври во низа не знаеше за гол но лошата серија ја прекина денеска, и тоа благодарејќи на голманот на Леганес.

Куељар реагираше лошо по еден центаршут во 28. минута, ја испушти топката од раце и му овозможи на Уругваецот да ја затресе мрежата.

Напаѓачот потоа погоди уште еднаш по еден час игра, а и овој гол беше постигнат со голема доза на среќа. Волејот на Луис Суарез одеше право кон Куељар, но еден од дефанзивците се обиде да расчисти и само го измами својот голман.

Конечниот резултат го постави Паулиња, Бразилецот најдобро се снајде по една мешаница во 90. минута и погоди за 0-3.