24фудбал

„Волчицата“ владее со Рим, Рома го „преслуша“ Лацио (ВИДЕО)

Рома славеше на „Дерби дела Капитале“, фуриозниот почеток на вториот дел и донесе победа на Рома од 2-1 во дуелот со Лацио

Италија

Рома и Лацио одлично играат оваа сезона па пресметката на Олимпико беше во фокусот како ретко кога во последно време.

Атмосферата на трибините беше извонредна, и фановите видоа гол по само 120 секунди. Чиро Имобиле ја затресе мрежата, но погодокот оправдано беше поништен поради офасајд.

Но раната еуфорија набрзо спласна, па во продолжението од првиот дел двете екипи имаа само по некоја полу-шанса.

Сепак, второто полувреме беше сосема различна приказна. Домаќините фуриозно отворија во вториот дел и поведоа со голот на Пероти од пенал.

Потоа следуваше нова радост за „Волчицата“, Наинголан од врвот на шеснесетникот биеше неодбранливо за 2-0.

Лацио успеа да се врати во игра, Имобиле од пенал намали на 2-1 во 72. минута. Гостите потоа притиснаа по изедначвање, но немаа сили за втор гол.