24фудбал

Атлетико и Реал одиграа за Барса, многу борба на Ванда Метрополитано и ниту еден гол (ВИДЕО)

Дербито на Мадрид заврши со најнепопуларниот резултат, Атлетико и Реал одиграа 0-0, резултат кој најмногу оди во прилог на лидерот Барселона

Шпанија

Градското дерби на Ванда Метрополитано донесе многу борба но малку шанси и ниту еден гол.

Барселона е најзадоволна од резултатот, „Каталонците“ сега имаат +10 во однос на Атлетико и Реал на врвот на табелата.

Кореа можеше да се прослави по само три минути, Аргентинецот случајно се најде осамен пред Касиља, но наместо да постигне гол, тој биеше крај стативата на големо разочарување на домашната публика.

На спротивната страна, Крос имаше убава прилика, но и неговиот удар заврши крај голот.

Кон финишот на првиот дел Облак беше ставен на мака по слободниот удар на Кристијано Роналдо, но голманот ја исфрли топката во корнер.

Вториот дел започна со бавно темпо, но битката се разгоре во завршните 15 минути. Најпрво Варан расчистуваше од гол линијата по обидот на Гамеиро, за Роналдо одново да се закани од слободен удар. Потоа и Крос го тестираше Облак од далечина, а и двете екипи бараа пенал за играње со рака.

Во последните минути ЦР7 имаше голема шанса да го реши победникот, но Португалецот премногу чекаше и му овозможи на Лукас Хернандез со лизгачки старт да го изблокира неговиот удар.