24фудбал

Западот денеска ќе гори, „Комити“ слават 30 години од своето постоење

На денешниот натпревар против Пелистер, навивачката група на Вардар, „Комити“ ќе прослават 30 години од своето постоење, на западната трибина од арената „Филип Втори“ ќе се случува вистински спектакл.

Македонија

Во јуни 1987 година на дерби натпреварот од југословенската лига помеѓу Вардар и Црвена звезда за прв пат се појави транспарентот „Комити“.  Група навивачи се собраа под тоа име да ги бранат црвено-црните бои. Од тогаш па до денес, Вардар и „Комити“ се едно.

Навивачката група на денешниот натпревар против Пелистер кој почнува од 18 часот, ќе прослави 30 години од своето постоење. На западната трибина од „Филип Втори“ арената се очекува досега невиден пиротехнички спектакл.

Дербито ќе биде комплетно, од Битола е најавено доаѓање во Скопје на еден автобус „Чкембари“.