24фудбал

Академија Пандев во последната минута пропушти победа против Работнички

Со гол на Жуниор во 94. минута Работнички дојде до бод на гостувањето кај Академија Пандев, натпреварот заврши 1-1, Шкендија со убедливи 4-0 славеше над Скопје, Шкупи лесно ја совлада Ренова, Силекс триумфираше кај Победа.

Македонија

Академија Пандев со гол на Балдовалиев во 52. минута имаше водство од 1-0 против Работнички и беше на прагот на нова победа, но во 94. минута гостите преку Жуниор дојдоа до изедначување на 1-1.

Шкендија со хет-трик на Хасани и еден погодок на Бејтулаи, со убедливи 4-0 го победи Скопје и ја оправда улогата на голем фаворит.

Убедлив триумф славеше и Шкупи над Ренова победувајќи со 4-1. Силекс со 2-0 ја совлада Победа на нејзин терен.

Денеска со почеток од 18 часот се игра големото дерби помеѓу Вардар и Победа.

Фото: ФК Работнички