24фудбал

Пандев стартер, Џенова конечно победи (ВИДЕО)

По три последователни порази, Џенова конечно се радуваше на победа откако славеше на гостувањето кај Кротоне со 1-0, Горан Пандев беше стартер на мечот.

Македонија

Горан Пандев по трет пат се најде во стартниот состав во тимот на Џенова која ја прекина серијата порази и дојде до триумф.

Голот беше постигнат во 11. минута, стрелец беше Ригони.

Горан Пандев на теренот беше до 61. минута кога тренерот одлучи да го замени.

По 13. одиграни кола Џенова има само девет освоени бода и се наоѓа веднаш над зоната за испаѓање.