24фудбал

Беневенто полош и од Манчестер јунајтед, собори неславен рекорд

Беневенто загуби и од Сасуоло, тоа беше нивни 13 пораз по ред со кој станаа тимот кој имал најлош старт во историјата на најдобрите пет лиги во Европа.

Италија

Сасуоло со гол во 94. минута го победи Беневенто со 2-1 и му го нанесе 13. последователен пораз во Серија А.

Беневенто го има најлошиот старт во сезоната во најдобрите пет лиги, никој досега не успеал да загуби на првите 13 натпревари по ред.

Интересно, неславниот рекорд го држаше Манчестер јунајтед кој во 1930 години стартувал со 12 порази по ред.