24фудбал

Македонија ја расипала атмосферата во италијанската репрезентација!

„Скај Спорт Италија“ пишува дека атмосферата во италијанската репрезентација почнала да се руши по нерешениот резултат против Македонија.

Италија

По ремито против нашата репрезентација која одигра 1-1 во Торино против Италија, фудбалерите се свртеле против селекторот Вентура.

По мечот со Македонија, искусните Џиџи Буфон, Андреа Барзаљи и Даниеле Де Роси држеле состанок во соблекувалната заедно со останатите играчи но без селекторот.

Според многумина тоа бил само мотивациски говор, но Вентура не верувал во тоа, сметал дека фудбалерите се свртеле против него и од тука почнале кавгите.

Информациите велат дека Вентура бил лут поради тоа што официјалниот состав на Италија за мечот во Шведска бил откриен порано, тој сметал дека има „крт“ во соблекувалната.

Хаосот комплетно еруптирал на два дена пред реваншот помеѓу Италија и Шведска. Вентура им се обратил на искусните фудбалери и го потенцирал нивниот состанок по мечот со Македонија, им рекол: „Кога веќе направивте така добар состанок помеѓу фудбалерите, сигурно можете вие и да ги тренирате нив и сами да го изберете тимот“.

Италијанската јавност смета дека Вентура е главниот виновник што Италија доживеа дебакл и нема да игра на Светското првенство, но тој никако да си даде оставка.