24фудбал

ВБА му врачи отказ на Тони Пулис, љубовта траеше три години

Поради серијата лоши резултати, раководството на Вест Бромвич одлучи да се раздели со тренерот Тони Пулис кој три години беше на чело на тимот.

Англија

Вест Бромвич нема победа во Премиерлигата од 19. август, чашата прелеа со поразот од Челси од 4-0.

Пулис одлично го водеше тимот во изминатите три сезони, лани заврши на 10. место на табелата, но оваа сезона ВБА беше очаен тим.

По 12 одиграни кола ВБА има две победи и четири нерешени меча, се наоѓа со еден бод над зоната за испаѓање.