24фудбал

Врие во соблекувалната на Реал Мадрид, Роналдо збеснал по ремито со Атлетико, „настрадал“ Зидан

Европскиот и шпански првак освен што е во криза, атмосферата во соблекувалната се чини не е позитивна.

Шпанија

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа реми без голови во градското дерби од 12. рунда натпревари во шпанската Примера, а овој резултат се чини дека додатно ја разниша атмосферата во соблекувалната на тимот на Зинедин Зидан.

Се чини дека францускиот фудбалски стратег е пред голем предизвик, можеби најголемиот откако го предводи клубот, се шпекулира дека атмосферата во соблекувалната е разрушена, а првата ѕвезда на тимот, Кристиано Роналдо збеснал по ремито против градскиот ривал.

Наводно Роналдо повторно го искажал своето незадоволство од заминувањето на Мората, Родригез и Пепе изминатото лето, тоа му го кажал лично на Зидан тврдејќи дека тоа е негова грешка.

Во расправијата бил вклучен и Лука Модриќ кој рекол дека тимот игра премногу лошо, доколку не е Иско немало да имаат шанса за гол, на што се спротиставил Роналдо кој смета дека токму Иско е причината за лошата игра на тимот бидејќи премногу ја задржувал топката во свој посед, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал Мадрид веќе заостанува десет бода зад лидерот во Примера, Барселона, а лошите игри во последниов период донесоа и губење на првото место во групата од Лигата на шампионите по поразот кај Тотенхем.