24фудбал

Португалецот претрчан од Хуанфран: Каде е онаа препознатлива брзина на Роналдо? (ВИДЕО)

Португалецот дефинитивно бележи голем пад во својата брзина.

Шпанија

Реал Мадрид полека но сигурно ја губи трката за одбрана на титулата во шпанска Примера, Барселона веќе бега десет бода зад својот ривал.

Како една од причините за резултатската криза во Реал Мадрид се наведува првата ѕвезда на тимот, Кристиано Роналдо, кој ниту во градското дерби со Атлетико Мадрид не успеа да ја затресе мрежата, па така остана на само еден гол во Примера оваа сезона по осумте настапи.

Дополнително, за лошата форма на Португалецот сведочи и тоа што дури и Хуанфран, со кој се на иста возраст, го претрча во спринт за време на една полуконтра во дербито.


Дали е ова почеток на крајот за Кристиано Роналдо, или пак 32 годишниот фудбалер ќе се врати во својата препознатлива форма, останува да видиме.

Како и да е, од тоа што го пишуваат во Шпанија, брзината со која трчал Роналдо во овој спринт е 32,8 километри на час, што е за еден помалку од дефанзивецот на Атлетико Мадрид, брзина што сигурно го загрижува и самиот Португалец.