24фудбал

По најновиот пораз на Вест Хем, фановите на овој тим се јавувале во полиција: Што да правиме...?

Навивачите на Премиерлигашот во очај по катастрофалните резултати на нивниот омилен тим.

Англија

Доаѓањето на Дејвид Мојс на клупата на Вест Хем по отказот на Славен Билиќ, се чини дека не донесе некакви промени во тимот од Лондон, па следеше нов пораз во Премиерлигата, овој пат на гостувањето кај Ватворд со 2-0.

Звучи неверојатно, но фановите на Вест Хем по најновиот пораз на нивниот омилен тим почнале да се јавуваат во полиција за да прашаат што со нивниот клуб.


Звонејќи на 999 бидејќи Вест Хем загубил повторно и вие не знаете што да правите со тоа е неприфатливо. Тоа е целосно губење на вашето време“ порачаа од тамошната полиција.