24фудбал

Луди сцени во Србија: Гостите негодуваа на одлуката за пенал, седнаа на теренот а нивниот голман ја исфрлаше топката вон стадионот (ВИДЕО)

Неверојатен начин на негодување на одлука за пенал на натпревар во српската Суперлига.

Останато

Ретко видени фудбалски сцени можевме да забележиме на мечот помеѓу Спартак Суботица и Борац Чачак, каде домаќините славеа со 3-1 а имаа негатива откако во 27. Минута гостите први поведоа на мечот.

Во самиот финиш од првиот дел главниот арбитар на мечот досуди пенал за домаќините а фудбалерите на Борац имаа големи негодувања на оваа негова одлука, по што стрелецот на голот и уште еден фудбалер на гостинскиот табор беа исклучени.

Домаќините израмнија на 1-1 а гостите протестираа седејќи на тревникот. Во продолжението од мечот Борац го опструираше натпреварот а нивниот голман при секој допир со топката ја исфрлаше силно вон рамките на фудбалската арена.