24фудбал

Претседателот на Гезтепе проговори за неговите очекувања околу иднината на Јаховиќ

Првиот човек на клубот од Измир вели дека претстои средба со менаџерот на Македонецот, неговите очекувања се големи од таа средба.

Македонија

Македонскиот бомбардер од турскиот суперлигаш Гезтепе, Адис Јаховиќ е во центарот на вниманието на клубот од Измир, тој е прв стрелец во тамошниот шампионат заедно со Бафетимби Гомис од Галатасарај, а тоа што актуелниот важечки договор со Гезтепе му истекува идното лето донесе неколку заинтересирани клубови од Европа за неговиот потпис.

Претседателот на Гезтепе, Мехмет Сепил се чини дека верува дека клубот ќе го задржи својот најдобар играч во своите редови.

Ќе се сретнеме со менаџерот на Јаховиќ и ќе ја продолжиме соработката со фудбалерот“ изјави Сепил со голема надеж дека преговорите помеѓу обете страни ќе вродат со плод.


Турските медиуми пред неколку денови објавија дека Гезтепе му подготвил 2+1 договор на Јаховиќ, а притоа и речиси двојно повисока годишна плата од моменталната која наводно изнесува 450 илјади евра, па новата би била 750 илјади евра.

Постои можност нашиот напаѓач да се пресели во Кина, од каде пристигнала богата понуда на адреса на Јаховиќ.

 

Извор: skor.sozcu.com.tr