24фудбал

Фановите на Лион застанаа зад Фекир, ако можат Меси и Роналдо, може и тој... (ВИДЕО)

Фудбалерот на францускиот прволигаш доби голема поддршка од фановите на тој тим.

Франција

Олимпик Лион ја прекина фантастичната серија победи во сите конкуренции откако викендов одигра реми без голови на домашен терен против Монпелје.

Она што недостасуваше премногу во тимот на домаќините беше секако Набил Фекир кој игра во блескава форма, а доби суспензија во минатото коло кога во победа на гости кај Сент Етјен од 0-5 прослави гол на начин кој беше оценет како провокативен за домашните фанови, по што следеа немили сцени кои од трибините се сведоа на теренот.



Навивачите на Лион го искажаа својот револт од одлуката за суспензија на Фекир со тоа што во 18. Минута од мечот против Монпелје подигнаа дресови во своите раце на Фекир со што му упатија поддршка.


Французинот на 11 настапи има исто толку погодоци во Лига 1, а поради своите фантастични изданија ги примами поголемите европски гиганти да се тркаат за неговиот потпис.

Неговиот начин на прослава на еден од двата гола против Сент Етјен беше идентичен со стилот на прослава на Меси против Реал Мадрид, односно Роналдо против Барселона.