24фудбал

Озил уште еднаш докажа во што е број еден: Во голот на Санчез му претходеше фантастично додавање до Лаказет (ВИДЕО)

Озил уште еднаш докажа дека е вистински мајстор во сервирањето на опасни топки до своите соиграчи во казнениот простор на противничките екипи.

Англија

Арсенал го доби градското дерби против својот голем ривал Тотенхем со 2-0 во редовното коло од англиската Премиерлига.

По првиот гол на Мустафи за почетно водство, домаќините преку Алексис Санчез во само пет минути од првото полувреме го скршија отпорот на гостите, а на голот на Чилеанецот му претходеше феноменална асистенција на Месут Озил до Александре Лаказет, инаку директниот асистент во голот.

Alexis Sanchez goal (2-0) Arsenal vs Tottenham | 18/11/2017 | Premier League by footbie.com