24фудбал

Само двајца Бразилци имаат подобра статистика од Рикарлисон

Бразилецот бележи фантастични изданија зад себе.

Англија

Ватфорд игра солидно во новата сезона од англиската Премиерлига, по 12 одиграни натпревари се наоѓа на осмото место на табелата со 18 освоени бода засега.

Се чини дека португалскиот стратег Марко Силва одлично си ја одработува својата задача во тимот, но тешко дека овие резултати би биле такви какви што се во моментов да го нема во своите редови феноменалниот 20 годишен Бразилец Рикарлисон.

Младиот Бразилец на 12 настапи има шест постигнати погодоци а притоа има и три асистенции зад себе.има одличен статистички учинок и во придонесите во головите на Ватфорд што во моментов го прави трет Бразилец според статистиката, веднаш зад Нејмар од ПСЖ и Кутињо од Ливерпул.