24фудбал

Кавани ги откри инструкциите на Емери во однос на тоа кој да ги шутира пеналите во ПСЖ

Се чини дека дилемите околу главниот изведувач на ударите од белата точка кај ПСЖ се решени.

Франција

Едисон Кавани и Нејмар беа во конфронтација во однос на тоа кој да ги изведува пеналите во тимот на ПСЖ, подолг период медиумите се занимаваа со оваа тема, а излегоа разни шпекулации околу причините за ова недоразбирање.

Се чини дека недоразбирањата се веќе минати, за тоа сведочи и изјавата на Кавани за инструкциите кои ги добил од Унаи Имери во однос на оваа тема.

Тренерот донесе одлука Нејмар да го изведе следниот пенал“ открива Уругваецот.