24фудбал

Првиот човек на италијанскиот фудбал, Тавекио си поднесе оставка, ќе ја памети Македонија по лошо

Претседателското столче во Италијанската фудбалска федерација остана празно.

Италија

74 годишниот Карло Тавекио се повлече од функцијата претседател на Италијанската фудбалска федерација, по шокот кој го доживеа оваа фудбалска земја по елиминацијата од Шведска во баражот од квалификациите за пласман на СП Русија 2018.

Три години траеше менаџирање со италијанскиот фудбал од страна на Тавекио откако на чело на таа позиција дојде во 2014. година.

Тоа што секако ќе му остане во неговото сеќавање по лошо е и дуелот против Македонија во претпоследното коло од квалификациите, каде нашите фудбалери извлекоа реми од 1-1 во Торино, со што почна да се „плете“ кризата во една од најдобрите селекции во Европа, откако пред извесен период отказ доби селекторот Џанпјеро Вентура.

Италија се „тресеше“ за триумф против Македонија и во Скопје, каде со пресврт едвај дојде до три бода од тогашното гостување.

Ремито против Македонија донесе разнишување на атмосферата во тимот на Италија, а воедно и катастрофално издание во двата дуели против Шведска во кој Аѕурите не постигнаа ниту еден гол, а примија еден.