24фудбал

Лажел дека е новинар за да се слика со Роналдо, избегнат инцидент во Никозија (ВИДЕО)

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Крстијано Роналдо имаше мало непријатно искуство пред хотелот во Никозија, еден фан лажно се преставил дека е новинар и се стрча кон Португалецот

Лига на Шампиони

ЦР7 има огромен број на фанови ширум светот, и многумина се подготвени да направат нешто лудо за фотка со ѕвездата на Реал Мадрид.

Таков беше и денешнит потег на еден навивач од Кипар, кој лажел дека е новинар за да пристапи во забранетата зона пред хотелот Хилтон, каде е сместена делегацијата на „Кралевите“.

Кога Кристијано Роналдо се симна од автобусот, фанот се стрча кон Португалецот, но обезбедувањето реагираше веднаш и го спречи навивачот во намерата.

„Кралевите“ попладнево пристигнаа во главниот град на Кипар за утрешниот дуел со АПОЕЛ во Лигата на шампионите.