24фудбал

Читадела си поигра со Палермо, убедлив пораз за Несторовски и Трајковски

Во 15. коло Палермо падна од врвот во Серија Б откако на свој терен загуби од Читадела со убедливи 3-0.

Италија

Палермо влезе како фаворит во дуелот со Читадела, но наместо да победи, доживеа дебакл на својот стадион.

Гостите не само што победија, туку комплетно го надиграа и го понижија Палермо.

Илија Несторовски го одигра целиот натпревар, Трајковски влезе во 62. минута, но Македонците не помогнаа да се избегне дебакл.

Палермо сега е на 5. место на табелата, но има само еден бод помалку од Бари и Парма кои се на двете водечки позиции.