24фудбал

Агентот П е на потег, Дибала фрли сомнеж врз својата иднина во Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала под знак прашалник ја стави својата долгорочна иднина во Торино, Аргентинецот исто така откри дека бил погоден од трансферот на Пол Погба

Италија

24 годишниот Пауло Дибала важи за еден од најдобрите млади фудбалери, па неговото име често се поврзува со најголемите клубови ширум Европа.

Пауло Дибала во разговор со Франс Фудбал сега говореше за својата иднина и одби да даде гаранции дека уште долги години ќе го носи дресот на „Старата Дама“.

„Не можам да ветам дека ќе останам во Јувентус засекогаш – вели Аргентинецот.Не зависи само од мене. Но во исто време не сакам да кажам дека ова ќе биде мојата последна сезона.

„Фудбалот е чуден, никогаш не знаете што ќе се случи во иднина.

Тој исто така открива дека бил погоден од трансферот на Пол Погба, па многу навивачи на Манчестер јунајтед почнаа да сонуваат и повикаа популарниот „Агент П“ да го убеди Пауло Дибала да му се приклучи на Олд Трафорд.

„Заминувањето на Погба беше тежок удар за мене. Тој ми е пријател, добро се сложувавме, како на теренот така и надвор од него.