24фудбал

Понуда во погрешно време: Ѓуровски ја одбил БиХ, оди во Јапонија

Македонскиот стратег, Бошко Ѓуровски одбил да биде селектор на Босна и Херцеговина бидејќи бил блиску до договор со клуб од Јапонија.

Македонија

Фудбалската федерација на БиХ, преговарала со Бошко Ѓуровски за селекторската позиција, но тој ги одбил затоа што веќе прифатил понуда од Јапонија.

„Точно е дека ме контактираа луѓето од Би Х, но морав да ги одбијам бидејќи веќе сум пред договор за враќање во Јапонија. Би ми било голема чест да бидам селектор на БиХ, но понудата дојде во погрешно време“ - изјави Бошко Ѓуровски.

Се уште официјално не се знае името на новиот клуб на Ѓуровски, но се шпекулира дека тоа е Јокохама Маринос каде што игра Давид Бабунски.