24фудбал

ЛШ: Бешикташ го завери првото место со ремито против Порто, одбраната на Спартак Москва „заспа“ во финишот против Марибор (ВИДЕО)

Завршија двете средби кои стартуваа во терминот од 18 часот во рамките на претпоследното, петто коло од групите во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Бешикташ одлично ја искористи приликата која му се укажа, па не само што обезбеди прогрес во следната фаза, туку таму ќе патува како прв од групата „Г“ откако одигра реми со резултат 1-1 на домашен терен против Порто.

Први поведоа гостите со голот на Фелипе во 29. минута, домаќините израмнија во 41. минута преку Талиска.



Со оваа победа Бешикташ на едно коло до крајот на групната фаза има 11 бода, четири повеќе од Порто, односно седум повеќе во однос на Лајпциг, последен е Монако со два бода.

На дуелот во групата „Е“ Спартак Москва се мачеше против Марибор, па на крајот одигра само реми со резултат 1-1.

Рускиот тим прв поведе во 82. минута преку Зе Луис, а гостинскиот табор со голот на Мешановиќ во 90. минута успеа да извлече бод во Москва кој не им носи никакви шанси за пласман на третото место, а ги искомплицираа шансите на Спартак Москва за првите две места во конкуренцијата „Е“.



Со овој резултат, Спартак Москва има шест бода, четири повеќе во однос на Марибор. На првото место се наоѓа Ливерпул со осум бода, два повеќе од второпласираната Севилја која во последното коло гостува во Марибор.