24фудбал

ЛШ: Севилја и Ливерпул најавуваат напаѓачки фудбал, само победа е во мислите на Наполи за пресметката против Шахтјор

Вечерва ќе се комплетира петтото, претпоследно коло од дел од групите во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Два натпревари од денешните предвидени во рамките на петтото коло се веќе зад нас, а во стандардниот термин од 20 часот и 45 минути следат нови возбудувања, на програмата се шест средби.

Неколку интересни средби се на програмата, а ние ги бележиме оние двата во конкуренцијата „Х“ каде Тотенхем со евентуален триумф на гостувањето кај Борусија Дортмунд може да го обезбеди првото место во оваа група, а Реал Мадрид нема право на кикс кај АПОЕЛ откако го загуби првото место во оваа конкуренција по поразот кај Тотенхем минатото коло.

По суспензијата од клубот поради дисциплински причини, Обамејанг вечерва ќе стартува во шпицот на нападот на Борусија Дортмунд, на спротивната страна ќе напаѓаат Сон и Кејн.

Реал Мадрид со триото Васкез, Бензема и Роналдо ќе го напаѓа АПОЕЛ.                   

Нема дилеми дека интересна ќе биде директната битка за првото место во групата „Е“ каде Севилја има можност таа амбиција да ја оствари со домашна победа над Ливерпул, откако одигра реми на гостувањето кај Премиерлигашот со 2-2.

Она што е интересно, а воедно и се очекуваше, и двете екипи според формациските постави кои можеме да ги проследиме најавуваат супер-офанзивен фудбал, со по тројца напаѓачи на обете страни. Нолито, Бен Једер и Сарабиа на едната, Салах, Фирмино и Мане ги сочинуваат двете напади на претендентите за првото место во оваа конкуренција.

Наполи има последна шанса за да остане во игра за прогрес во елитното европско клупско натпреварување, само победа доаѓа во предвид за Калчолигашот за дуелот против Шахтјор на домашен терен, откако украинскиот претставник „избега“ на шест бода на второто место на табелата каде прв е Манчестер Сити а со минимални шанси барем за третото место е Феенорд кој засега е без бодови.

Мертенс ќе го предводи нападот на домаќините во вечерашниот меч, од страна ќе напаѓаат Калјехон и Инсиње. На спротивната страна Фереира ќе биде најголема опасност кон голот на Наполи.

 

ПОЧЕТНИТЕ СОСТАВИ ЗА ВЕЧЕРАШНИТЕ ПРЕСМЕТКИ


Група „Е“

Спартак Москва – Марибор 1:1 (извештај - ТУКА)

Севилја - Ливерпул


 

Група „Ф“

Манчестер Сити – Феенорд


Наполи - Шахтјор


 

Група „Г“

Бешикташ – Порто 1:1 (извештај - ТУКА)

Монако - Лајпциг


 

Група „Х“

Борусија Дортмунд – Тотенхем


АПОЕЛ – Реал Мадрид


Извор: uefa.com