24фудбал

Зенит против Вардар ќе игра со втор тим

Тренерот на Зенит, Роберто Манчини потврди дека за дуелот со Вардар шанса ќе добијат играчите што се во втор план кај наго.

Лига Европа

Зенит го растури Вардар во Скопје, а македонскиот шампион не помина добро ни на другите натпревари во Лига Европа. 

Очигледно Роберто Манчини не гледа сериозен противник во Вардар, па смета дека и со втор состав ќе дојде до трите бода од овој дуел.

„Ќе имаме измени во тимот, сакам да им дадам шанса на тие што играат помалку. Но кој и да настапи ќе играме на победа против Вардар. Тие што ќе добијат можност да играат треба да го докажат квалитетот“ - вели Роберто Манчини.

Натпреварот помеѓу Зенит и Вардар се игра утре со почеток од 19 часот.