24фудбал

Јаневски најавува освежување во тимот за пресметката со Зенит во Санкт Петерзбург

Стратегот од клупата на македонскиот првак е задоволен од составот кој го има, но искуството е ново.

Македонија

Вардар утревечер го игра петтиот, претпоследен меч во групата „Л“ од Лига Европа, гостува кај Зенит во Санкт Петерзбург, а првиот дуел против рускиот претставник во Скопје не мина според очекувањата, па црвено-црните загубија убедливо со 0-5.

Чеде Јаневски вели дека е задоволен од составот со кој што располага, причината за лошите резултати во дебитантската сезона од второто по ранг европско клупско натпреварување го гледа во неискуството. Шефот на стручниот штаб на црвено-црните најави и освежување на тимот за утрешниот меч.

Јас сум задоволен од сите играчи кои ги имам на располагање, но нашето искуство за вакви натпревари е ново. Прв пат во историјата еден македонски клуб игра на вакво натпреварување. Затоа на одредени натпревари бевме принудени да ротираме затоа што не бевме подготвени за вакви натпреварувања. И утре ќе составиме еден тим кој што ќе биде освежен и подготвен да даде се од себе за добар резултат“ вели Јаневски.

Јаневски вели дека четирите порази за него се неочекувани, а притоа наведе и неколку причини за таквиот учинок.

Да бидам искрен  не очекував четири порази од четири натпревари, но зошто е тоа така има неколку фактори. Прво играчите имаа малку одмор пред да почнат да се подготвуваат за европските натпревари. Второ тимот одигра шест исцрпувачки мечеви во Европа пред да се пласира во групната фаза. Трето нашата група е тешка, патувањата се долги, а сите наши противници имаат искуство во вакви натпревари, кое ние го немам“ додаде тој.

Утрешниот натпревар стартува во терминот од 19 часот.

 

Извор/Фото-вест: fkvardar.mk