24фудбал

Алиоски: Во Англија е многу поинаку во однос на Швајцарија, еден ден си херој, другиот си трагичар...

Македонскиот репрезентативец признава дека е тешко да се игра во Англија, но полните трибините се мотив за секого.

Македонија

Езгјан Алиоски доби пофалби од поедини медиуми за неговото последно издание каде постигна гол, решавачки во победата на домашен терен против Мидлзбро.

Нашиот интернационалец во изјава за медиумите на Островот ги сумира своите впечатоци од престојот во Англија, не крие дека во таа земја е многу поинаку отколку во Швајцарија.

Лигата е премногу тешка, кога играте два натпревари во една недела нормално е дека не можете сите да ги добиете. Исто така, никој од нас не сака да загуби натпревар, нам само победа ни е во мислите за секој натпревар“ вели Алиоски.

Овде е многу поинаку во однос на швајцарскиот шампионат бидејќи има многу повеќе натпревари и истите доаѓаат многу брзо. Морате секогаш да бидете подготвени и фокусирани за следниот меч кој доаѓа многу брзо...“ додава тој.

Навивачите на Лидс во своите оценки за Македонецот беа во стилот „топло-ладно“, по еден негов настап ќе им се допадне, но по друг ќе удрат силно со критики, предизвикот да се игра во Англија е голем, признава Алиоски.

Овде можете од херој да бидете трагичар во рок од една недела. Но, ми се допаѓа поддршката која ја добиваме постојано од навивачите, тие се секаде со нас, ги има во големи бројки и на гостувањата, мислам дека ова е една од најдобрите лиги во светот“ заврши популарниот „Џани“.

Лидс вечерва гостува кај Вулверхемптон во рамките на редовното 18 коло во Чемпионшип дивизијата во Англија, со 26 бода, тимот од „Еланд Роуд“ се наоѓа на деветтото место на табелата.

Нашиот 25 годишен репрезентативец на 15 натпревари постигна 3 гола досега.

 

Извор/Фото-вест: insidefutbol.com