24фудбал

Јаневски ги подели последните совети пред дуелот со Зенит (ФОТО)

Македонскиот првак го одржа предвидениот тренинг во пресрет на утрешниот меч со Зенит.

Македонија

Во ниски температури и во снежни услови, Вардарци вечерва на арената „Петровски“ (стариот стадион на Зенит) го одржаа официјалниот тренинг пред утревечерниот меч со Зенит во рамките на петтото коло од групата „Л“ во Лига Европа.

Според информациите кои се објавени на официјалниот клупски сајт на Вардар, се вели дека шефот на стручниот штаб, Чедомир Јаневски ги воигрувал последните техничко-тактички варијанти пред новата пресметка со рускиот гигант кој во Скопје славеше убедливо со 0-5.



Фото: fkvardar.mk