24фудбал

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Карвахал за овој аут... (ВИДЕО)

Од Европската куќа на фудбалот потврдија дека постои дисциплинска процедура против Дани Карвахал.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид обезбеди висок и убедлив триумф на гостувањето кај АПОЕЛ синоќа со 0-6, а интересен детал ни пристигнува од мечот на Кипар.

Дани Карвахал доби опомена во жолт картон откако цели 20 секунди ја држеше топката во своите раце при неуспешниот обид да изведе аут.

Шпанецот го доби третиот жолт картон оваа сезона во Лигата на шампионите, а воедно ќе отсуствува против Борусија Дортмунд во последното коло.

Дополнително, фудбалерот на Реал Мадрид може да добие уште една дополнителна суспензија доколку се одлучи дека го прекршил  членот „15“ од дисциплинските постапки при УЕФА, или поточно поради „неспортско однесување“.