24фудбал

Мајсторија на Македонецот: Трет гол во серија на Алиоски за Лидс! (ВИДЕО)

Нов гол за македонскиот репрезентативец во дресот на Чемпионшиплигашот.

Македонија

Лидс има негатива на гостувањето кај Вулверхемптон, а нам не радува формата на Езгјан Алиоски кој трет меч во низа постигнува гол за својот клуб.

Алиоски по само три минути игра во второто полувреме постигна погодок против домаќините и го намали нивното водство на 2-1, а тоа го направи на мајсторски начин, одлично зафати топка на полуволеј при една нафрлена топка.

Ова е трет гол во низа на Алиоски за Лидс во серија, по оној за победа изминатиот викенд против Мидлзбро (2-1) и голот на гостувањето кај Брендфорд каде Лидс загуби со 3-1.